На Манчестер Сити му се заканува хаос со коронавирусот откако во актуелниот англиски вицешампион беа забележани пет нови случаи на Covid-19.
Првите проблеми се појавија пред неколку дена, кога позитивни на тестирањето беа Кајл Вокер и Габриел Хесус. Двајцата првотимци го пропуштија дуелот со Њукасл, но во пресрет на вечерашниот дуел со Евертон беше извршено ново тестирање, на кое нови пет членови на „граѓаните“ добија позитивни резултати.
Очекувано, поради ризикот од уште поголемо ширење на коронавирусот веднаш беше одложен вечерашниот натпревар со Евертон, а крајно неизвесно е и одигрувањето на големото дерби со Челси, закажано за недела.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА