Лиеонел Меси сè уште не знае каде ќе игра следната сезона. Аргентинецот на почетокот на лето побара трансфер од Барселона, откако неговиот пријател Луис Суарез, беше „протеран“ од Камп Ноу, но клубот одби да преговара за било каква продажба на Лео. Меси со сигурност ќе остане во Барселона до крајот на сезоната, а откако ќе му истече договорот, тој ќе одлучи дали ќе ја продолжи соработката со Каталонците или ќе замине во друг клуб.
Каталонските медиуми откриваат дека Меси и Суарез, разговарале за продолжување на нивната соработка во блиска иднина. Наводно, се збори дека Меси и Суарез сакаат повторно да играат заедно, а овој пат како можна дестинација е Интер Мајами, клуб кој го предводи легендарниот Дејвид Бекам. Сепак, овој план тие ќе го реализираат по 2022-та година, а дотогаш ќе играат во Европа.
“Трансферот на Суарез ми беше луд и неверојатен. Тој отиде бесплатно во тим кој се бори за истите цели како нас”, рече Меси за трансферот на Луис во Атлетико, откривајќи дека тој се уште е во добри односи со него и Нејмар, кои си заминаа од Каталонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА