Фернандо Љоренте би можел да се врати повторно во Јувентус во јануари, по разочарувачката игра што ја прикажа во Наполи. Шпанскиот напаѓач не успеа да се наметне во тимот на Џенаро Гатузо, сите натпревари ги следи од трибините па сега бара следен предизвик во кој ќе го покаже својот потенцијал.
Љоренте е подготвен да го прифати статусот на резерва, што го прави крајно интересен за Јуве, со оглед на фактот дека тој би бил идеално покритие во случај на повреда на Алваро Мората. Фернандо веќе играше во Јуве, од 2013 до 2015 година, постигнувајќи 27 гола на 92 натпревари за клубот.
Медиумите го поврзуваат Љоренте со Сампдорија, но тој повеќе би сакал да се врати во Јувентус. Шпанецот пристигна во Наполи во 2019 година од Тотенхем, а претходно играше за Атлетик Билбао, Јувентус, Севилја и Свонси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА