Македонскиот интернационалец Теодор Симиќ и неговата Барселона се пласираа на завршниот турнир на Евролигата за играчи до 18 години откако во финалето од првиот квалификациски турнир кој беше одигран во Валенсија, славеа над Хувентуд со убедливи 79-55.
Нашиот млад центар одигра одличен турнир, a финалниот натпревар го заврши со 12 поени и реализација 5/11 од поле и 2/3 од линијата за слободни фрлања. Покрај тоа додаде и пет скока од кои два под противничкиот кош, како и една асистенција.
На четири одиграни натпревар на овој турнир, македонскиот бисер забележа просек од осум поени и 4.5 скока по натпревар за нешто повеќе од 16 минути.
Congrats to Michael Caicedo (’03, Spain), Gael Bonilla (’03, Mexico) & Teodor Simic (’04, Macedonia) for winning the #AdidasNGT 2020 in Valencia with @FCBbasket U18.
Michael Caicedo claimed MVP (Final & Tournament) + “All Star Team”
??? #ANGT #EuroleagueU18 @EuroLeague pic.twitter.com/qlAVFIEPOw
— Jaime Alonso (@JaimeAlonso_) December 29, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА