Карл Гајгер е победник на денешното натпреварување во Оберстдорф, со кое беше означен стартот на турнејата „Четири скокалници“. Германецот кој неодамна се опорави од коронавирусот е роден токму во Оберсдорф, па јасно е дека овој триумф има дополнително значење за него.
Тој скокна 127 метри во првата серија, во втората имаше импресивен скок од 136,5 метри, за вкупно 291,1 освоен бод и заслужено прво место. Втората позиција му припадна на Камил Штох од Полска, а третопласиран на стартот од оваа новогодишна турнеја беше Норвежанецот Линдвик.
„Навистина неверојатно, немам зборови да опишам како се чувствувам по победата во мојот роден крај. Првата серија беше многу тешка поради силниот ветер, но сепак успеав да изведам два одлични скока“, изјави Гајгер.
Турнејата „Четири скокалници“ продолжува на 1 јануари со натпреварувањето во Гармиш Партенкирхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА