Борец се одлучи да ја прекине соработката со досегашниот прв голман на тимот, Бурхан Мустафа.
30-годишниот Мустафа заминува од Велес по 18 месеци престој во редовите на Борец. Пред трансферот во велешкиот прволигаш Бурхан Мустафа во својата кариера настапуваше и за косовскиот Феризај, како и за Шкупи, Еуромилк ГЛ, Дрита Боговиње и кумановско Милано.
Борец, како што е познато, во своите редови веќе ги донесе Колумбиецот Александер Борха од Пелистер, како и Лука Трајковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА