Алиоски: Уживам во филозофијата на Биелса да игра на гол повеќе

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски запиша нова извонредна партија во дресот на Лидс, овој пат партиципирајќи и со прекрасен погодок во победата од 0-5 на гостувањето против ВБА.

Популарниот Џани потенцира дека едноставно ужива во филозофијата на Марсело Биелса секогаш да игра на гол повеќе, иако признава дека секоја шанса на терен ја користи да напредува со играта во одбраната.

„Уживам во начинот на кој играме, како тим заедно, па тогаш и головите сами доаѓаат. Сосема е неважно кој дал гол, со начинот на нашата игра секој во тимот може да даде гол, и тоа е нашата сила. Овие три бода се многу важни за нас. Сакавме со победа да ја завршиме годината, тоа беше целта и среќни сме што ја остваривме“ – истакна Алиоски по синоќешниот натпревар, притоа дополнувајќи:

„Се обидувам секој ден да научам од мојот тренер. Секоја шанса што ми ја дава, се обидувам да ја искористам за да напредувам во одбраната. Знам дека во нападот имаме толку многу моќ, можам да напаѓам бидејќи сум крило, но мојата желба е да научам и како да се бранам а во исто време и слободно да одам во напад“.

Се вчитува...