Каква е оваа Барса?! Куман предвреме се предаде…

Барселона повторно ремизираше во Ла Лига, овој пат против Еибар со што каталонскиот клуб остана на шестата позиција на табелата со само 25 освоени бода по 15 одиграни средби. По натпреварот тренерот на клубот од „Камп Ноу“, Роман Куман изјави дека освојувањето на титулата е невозможна мисија, без оглед на тоа дека не помина ниту половина сезона.

Холанѓанецот нема многу причина за задоволство по досегашните игри, но неговиот песимизам во секој случај ги разочара приврзаниците на каталонскиот гигант.

„Доколку гледаме реално, освојувањето на Ла Лига делува многу комплицирано од оваа позиција. Не е невозможно, но треба да се земе во предвид големата бодовна предноста на Атлетико Мадрид. Тоа е одлична екипа која со својот начин на игра не му остана на ривалот многу опции. Многу се силни, примаат малку голови и имаат континуитет“ – изјави Холанѓанецот.

На дуелот го немаше Меси, но искусниот стратег не бараше оправдување во овој поглед, и покрај тоа што во составот преовладуваа младите играчи.

„Не сакам да кажам дека ни недостасуваа искусни играчи. Тимот е во транзиција, а имаме и проблеми со повреди. Во составот имаме пет или шест млади играчи, но и покрај тоа составот кој излезе на мегдан со Еибар беше искусен. Ни недостасуваше Меси, тој е играч кој прави разлика“ – додаде тренерот на каталонците.

Се вчитува...