Лионел Меси е слободен играч следното лето. Во интервју кое го даде пред неколку дена, тој не даде премногу информации за напуштањето на клубот од Каталонија.
Минатото лето Лео беше на чекор од заминување од Барселона. Аргентинецот предизвика вистински хаос кога побара да го напушти клубот, но откако му се заканија со тужба за кршење на договорот од управата на каталонскиот гигант, тој реши да остане.
“Нема да одам во Реал Мадрид или Атлетико Мадрид. Едноставно е невозможно. Не знам ни дали ќе ја напуштам Барселона и ќе разговараме за тоа на крајот на сезоната. Се надевам дека ќе бидам дел од клубот кога ќе се повлечам. Би сакал да играм во Америка еден ден и тоа е мојот сон. Сепак, не сум сигурен дали тоа ќе се случи“, изјави Меси.
Шпанскиот новинар, Хозе Антонио Понсити, тврди дека токму тоа ќе се случи во 2023 година. Според него, Меси ќе игра за Интер Мајами.
„Меси сака да оди во Мајами во 2023 година, а има голема желба неговите деца да можат да се школуваат таму“, изјави Понсити за „Ел Ларгеро“.
Аргентинецот веќе има луксузен стан во зградата на „Порше“, што го купил пред година и пол.
“Тоа е населба во која живеат многу православни верници и евреи. Станот што го купил чини помалку од осум милиони евра. А во зградата може да се влез и со автомобил, па да го паркирате во дневната соба”, додаде Понсити.
Некои шпански медиуми тврдат дека покрај Меси, Луис Суарез ќе игра исто така за Интер Мајами, но ќе видиме како ќе се развиваат работите во наредните години, особено во случајот на Меси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА