Матијас Мајер е победник на спуст трката од Светскиот куп која денеска се возеше во италијанскиот ски-центар Бормио. Австриецот до победата стигна со време од 1:57.32 минута што беше за само четири стоти делови од секундата подобро од сонародникот Винсент Крихмајер.
Третото место му припадна на Урс Кринбил од Швајцарија кој доцнеше шест стотинки зад времето на победникот.
Ова беше последна трка годинава во Светскиот куп. Најдобрите алпски скијачи во светот се селат во Загреб каде на 6. јануари традиционално ќе се вози слаломот на Слјеме.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА