Кој нема да се вакцинира, нема да може да игра фудбал во Италија?!

Лекарската комисија на Фудбалскиот сојуз на Италија (ФИГЦ) ја разгледува опцијата за давање на вакцина на секој фудбалер во оваа држава, при што членот на оваа комисија, Франческо Браконаро изјави дека е бесмислено да се вакцинираат само поедини фудбалери.

Овој предлог за колективно вакцинирање е споменуван во неколку наврати во последните неколку дена, вклучувајќи ги и претставниците на Здружението на играчи.

„Вакцинација на секој професионален фудбалер во Италија е која секако треба да се процени. Со оглед на тоа низ што поминавме последните десет месеци, едноставно нема друга алтернатива“ – изјави Браконаро.


 

Се вчитува...