Почна кампањата во Барса – еден го ветува Халанд, друг Чави…

Се е подготвено за претседателските избори во Барселона закажани за следниот месец, а кандидатите веќе почнаа јавно да ги презентираат своите проекти. Покрај екс-претседателот Жоан Лапорта, сериозни кандидати во трката се и Виктор Фонт и Емили Русо, кои денеска објавија што подготвуваат доколку бидат избрани.

Фонт најави сериозни промени во раководните структури, каде планира да вклучи повеќе клупски легенди. Конкретно, Фон веќе му понудил на Чави да биде нов генерален менаџер на Барса, а на синот на Јохан Кројф, Жорди Кројф, да стане спортски директор во клубот.

„Време е легендите да се вратат во клубот, бидејќи тие во душа ја познаваат Барса. Чави ќе дојде и веднаш ќе биде генерален менаџер, а доколку сезоната заврши лошо од летово ќе стане и тренер на екипата. Крај него ќе биде и Жорди Кројг, кој ќе ја има улогата на спортски директор“, изјави Фонт.

Русо пред десетина дена јавно изјави дека клубот нема пари за да го задржи Лионел Меси, но овој претседателски кандидат денеска најави сериозни трансфери, како приоритет потенцирајќи го доведувањето на Ерлинг Халанд за нов голгетер.

Норвежанецот изјавува дека е среќен во Борусија Дортмунд, но јасно е дека доколку пристигне мегапонуда од Барса истата ќе биде разгледана од неговиот агент Мино Раиола, кој не крие дека очекува Халанд во блиска иднина да се пресели во некој од европските гиганти кои покажуваат интерес за овој суперталентиран голгетер.

Се вчитува...