Спортот во 2021 година се враќа во нормала. Светското првенство во ракомет кое ќе се одржи во Египет следниот месец ќе биде првиот голем репрезентативен собир кој во време на пандемија ќе се игра со публика на трибините, потврди денеска Интернационалната ракометна федерација (ИХФ).
Денеска стартуваше и продажбата на билетите за Светскиот шампионат кој треба да биде еден вид експеримент за останатите турнири кои ќе се одржуваат во 2021 година. Светското првенство во Египет ќе се игра од 13. до 31. јануари.
Како што е познато, македонската репрезентација е прва резерва за настап на Мундијалот во случај на откажување на одредена селекција, и тоа е малку веројатно дека ќе се случи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА