Линдзи Вон повторно е „сингл“, раскина со хокеарот Субан

Легендарната скијачка Линдзи Вон повторно е сингл откако реши да ја прекине врската со хокеарот на Њу Џерси Девилс, ПиКеј Субан.

Вон и Субан беа три години заедно, лани си разменија и свршенички прстени, но наместо врската да ја крунисаат со брак, следеше разделба пред самиот крај на годинава.

„Во последните три години јас и ПиКеј минавме прекрасно време заедно. Тој е добар човек, некој што многу го почитувам. Сепак, по долго размислуваме решивме секој да тргне по својот пат. Секогаш ќе останеме пријатели. Се надеваме дека ќе ја почитувате нашата приватност во овој период“, објави Вон.

Американката претходно беше во врска со Тајгер Вудс, со Ф-1 шампионот Луис Хамилтон, како и со тренерот на НФЛ-тимот ЛА Рамс, Кенан Смит.

Се вчитува...