Беки Хемон испиша историја на синоќешниот меч од НБА лигата меѓу Сан Антонио и Лос Анџелес Лејкерс. Таа стана првата жена тренер која водела еден тим во најсилното кошаркарско првенство во светот. Грег Поповиќ заработи исклучување во првиот дел, по што Хемон го презеде водењето на клубот до крајот на мечот и со тоа се запиша во книгата на рекорди.
„Секако дека е голема работа. Ова е историски момент. Дел сум од оваа организација од 2007 година. Долго сум посветена на проектот, а клубот вложи многу во мене“, изјави Хемон.
Сан Антонио на крајот забележа пораз од Лос Анџелес Лејкерс со 107-121, а се поголеми се шпекулациите дека по заминувањето во пензија на Грег Поповиќ, токму Хемон ќе биде неговиот наследник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА