Савичевиќ и Терзиќ се во ‘војна’ од моментот кога поранешниот селетор на Црна Гора, Љубиша Тумбаковиќ одби да ја води селекцијата на дуел против Косово, а одбија да играат и двајца репрезентативци од Црвена Звезда, Филип Стојковиќ и Марко Иваниќ. Савичевиќ тогаш го обвини Терзиќ дека е виновникот за бојкотот. Сега темата повторно се разгорува.
„Кога еден човек шири само лаги за вас, тоа кажува дека е подмолен човек. Го молам повеќе да не ме споменува во ниту еден контекст, зашто има луѓе со кои никогаш нема да се смирам, а тој е еден од тие. Второ, тој е последниот човек во Србија кој треба да ме кани на меч. Јас за него кажав се што мислам и сега би бил сто пати полош од него, ако се смирам со него, зашто некој кога еднаш ќе те повреди, ќе го направи тоа и вторпат и третпат и така во недоглед“ – вели Савичевиќ.
На сето тоа веднаш одговор следи и од Терзиќ…
„За Савичевиќ секогаш е подобро да молчи. Како играч беше вонсериски и заслужува респект, ама како човек и претседател на сојузот на Црна Гора е нула. Тој има многу комплекси и не може да прифати дека после фудбалската кариера е неуспешен, и како човек и како функционер. Суетата и комплексите зборуваат од Савичевиќ“ – одговори Терзиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА