Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин во новогодишно интервју за српскиот „Информер“ истакна дека го изненадил пласманот на Македонија на Европското првенство, но тоа е и тоа како добар момент за промоција на една мала и економски недоволно развиена држава.
„Македонија ме изненади… Тие се добра екипа, добро раководена и супер ми е што се пласираа на ЕП. И тоа е убавината на фудбалот, една мала земја, која нема добра економска состојба, доби шанса да се промовира. Да бидеме реални, малку нешта може да го обединат народот во една држава како што тоа можат да го направат спортските успеси“ – вели Чеферин.
Првиот човек на УЕФА информира и дека ЕП ќе се игра пред полни стадиони.
„Мислам дека на лето ќе можеме да имаме полни трибини. Засега, планот е да се игра во сите 12 држави. Секако, постојат и резервни варијанти во случај некоја држава да се соочи со проблеми. Сигурен сум дека ќе имаме Европско првенство во сите 12 градови, како што е и планирано. Евентуално може да се случи да отпадне една држава. Меѓутоа, мислам дека во иднина веќе нема да имаме турнири од ваков формат, со толку многу домаќини. Се покажа дека тоа е тежок потфат“ – истакнува Чеферин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА