Силен земјотрес на почетокот на неделава ја погоди Хрватска. Сцените од урнати куќи и објекти во Петриња никого не оставија рамнодушен, па така и легендарниот Александар Петровиќ. Имено, кога чул за случајот на Марина Бјелајац од Мајскате полјана, веднаш одлучил да и помогне на нејзината фамилија.
„Видов репортажа за млада мајка која со своето дете која коментираше како крај урнатата куќа во Мајската полјана останале нејзиниот сопруг и нејзината свекрва. Во тој момент сфатив дека заедно со своите пријатели треба да ја решиме ситуацијата. Организиравме сместување“, изјави Петровиќ за хрватските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

