Арсен Венгер е подготвен да се врати во Арсенал

Арсен Венгер е подготвен да се врати во Арсенал. Французинот повеќе од две децении ги водеше „топчиите“ и беше најтрофејниот менаџер во историјата на клубот.

Тој во изјава за американските медиуми вели дека доколку на Арсенал му е потребна помош тој е подготвен да се врати во секој момент.

„Ако сум им потребен, подготвен сум да помогнам“, изјави накратко Венгер. 

Францускиот стратег го водеше тимот од Лондон во периодот од 1996. до 2018 година. Популарниот професор освои три Премиер-лиги и по седум трофеи во ФА купот и Комјунити шилд.

Се вчитува...