Пеп Гвардиола најави дека нема да може да смета на петорица фудбалери на дуелот против Челси поради коронавирус. Еден од тие што потврдија дека се наоѓаат во изолација е голманот, Едерсон. Од претходно се знае дека позитивни се Габриел Жезуз и Кајл Вокер, а сега таа информација ја потврди и Едерсон.
„Се подготвував за фотографирање, мојата нова година е изолирана. Иста куќа друга просторија, далеку од моите најмили“, напиша Едерсон.
Доколку на крајот се покаже дека само пет лица биле позитивни во Манчестер Сити, ќе избие голем скандал бидејќи не се играше натпреварот против Евертон. Тимот од Ливерпул најави дека ќе бара увид на документите кои Премиер лигата ги доставил до Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

