Манчестер Јунајтед стигна до нова победа во Премиер-лигата откако славеше на домашен терен против незгодната Астон Вила со 2-1. Предност за „црвените-ѓаволи“ донесе Ентони Марсијал во 40. минута. Гостите израмнија преку Траоре во 58. минута, додека големи три бода за Јунајтед донесе Бруно Фернандеш од пенал во 61. минута.
Со овој триумф Манчестер избива на делба на првата позиција на табелата со вечниот ривал Ливерпул со по 33 бода, додека Астон Вила останува 6. со 26 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

