Солскјер: Секој ден сме се подобри

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер е задоволен од победата на неговиот тим над Астон Вила од 2-1.

„Секогаш мора да бидете задоволни кога ќе победите. Играта беше добра, створивме многу шанси. На крајот Ерик Баи одлично интервенираше и ни ги зачува бодовите. Покажавме дека можеме да напредуваме. Секој ден сме се подобри. Момците се гладни за напредок“, изјави Солскјер. 

Со победата Манчестер Јунајтед се израмни на врвот на Премиер-лигата со Ливерпул со по 33 бода, а во следното коло кое е на програмата на 12. јануари му гостуваат на Барнли.

Се вчитува...