Веројатно Кинезите се „заситија“ со фудбалот во Италија, па веќе им е досадно. Досега имаат инвестирано околу 700 милиони евра, Интер оваа сезона се претстави подобро од претходните години и има шанса за „скудето“, но компанијата „Сунинг“, претрпе големи загуби во пандемијата и се чини дека немаат пари за понатамошни инвестиции.
Тие побарале два кредити, едниот од 300 милиони евра од „Голдман Сакс“, другиот од 75 милиони од „ЈП Морган“. Станува збор за пари што би се вратиле за една година, надежта е дека пазарот ќе се опорави, со цел да се врати каматата, пренесува „Кариере дело Спорт“.
Играчите добија плати за септември и октомври, оние од јули и август треба да бидат исплатени во следните два месеци, а тие се уште чекаат разговор во соблекувалната за моменталната финансиска криза. Интер не ги намали платите минатата година, па ќе видиме дали играчите сега ќе се согласат да му помогнат на клубот на начин што би се откажале од некои плати, или пак да дадат зелено светло за нивно намалување.
Се вели дека скоро сигурно, доколку споствениците не го продадат Интер, тие ќе бидат принудени да продадат некои водечки играчи, пред сè Лаутар Мартинез, но и да се ослободат од оние кои не се во преден план. Во секој случај, кризата е насекаде, дури и во Интер, па ќе видиме дали славниот клуб повторно ќе го смени сопственикот, по трет пат од Морати.
.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

