Марка: Давид Алаба станува „крал“?

Давид Алаба ќе биде нов фудбалер на Реал Мадрид, пренесува реноминираната „Марка“. Информацијата ја објави и познатиот италијански новинар, Фабрицио Романо кој на твитер напиша дека Австриецот и Реал Мадрид наскоро ќе објават дека договорот е решена работа.

Зинедин Зидан веќе долго време сака да ја засили конкуренцијата во одбраната, но само со искусни фудбалери како што е Алаба. Австриецот ги одби понудите од Баерн Минхен, а на 1. јануари влезе во последните шест месеци од актуелниот договор, со што има право да преговара со клубовите во Европа.

Се вчитува...