На серијата од девет титули во низа во Серија А на Јувентус и се гледа крајот. „Црно-белите“ се наоѓаат на шестото место на табелата со десет бода зад водечкиот Милан, па раководството на тимот од Торино нема да форсира со нови засилувњата, туку ќе се спрема за смена на генерација и составување на тим за повторна доминација во годините кои следат.
Легендарното дуо од одбраната, Кјелини-Бонучи ќе биде заменето со Де Лихт и Демирал, а во желбите на Јувентус се наоѓа името Матео Ловато, за кој Јувентус е спремен на Верона да и плати 15 милиони евра. Во бековската линија опција е и Брајан Рејнолдс, младиот Американец кој треба да му се приклучи на неговиот сонародник Вестон Мекени.
Во средниот ред е сигурен Бентакур, 23-годишниот Уругваец кој полека се враќа во претпознатливата форма, додека мета на Јувентус е фудбалерот на Џенова, Никола Ровела. Двата клуба имаат добри односи, во последните години Јувентус често одеше на „шопинг“ на западот на Италија па истото се очекува и ова лето. Кјеза и Кулушевски полека се консолидираат во „црно-белиот“ дрес, а клубот од Торино ќе се обиде во своите редови да ги донесе и Мануел Локатели од Сасуоло и Ауар од Лион.
На листата на сигурни е и Мората, додека пред заминување е Кристијано Роналдо, но и Пауло Дибала, кој бара повеќе пари од она што може Јувентус да си го дозволи. На листата на заминување се уште Рабио, Ремзи и Алекс Сандро кои најверојатно ќе бидат продаде во летниот трансфер рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

