Се редат добрите вести за Јунајтед: Први на табела, но и први со засилување!

Манчестер Јунајтед во својот прв натпревар во новата година стигна до победа, откако славеше над Астон Вила со 2-1, победа со која се изедначи на првото место на табелата во Премиерлигата. Сепак, ова беше само дел од пријатните изненадувања на Оле Гунар Солшер, кој по натпреварот го потврди новото засилување, Амад Диало.

„Ја завршивме целата документација. Диало веќе доби пасош и не постојат препреки за завршување на овој трансфер. Тој доаѓа. Се надевам дека наскоро ќе биде со нас, многу сме среќни што успеавме да го купиме. Ќе му биде потребно време да се развие“ – изјави тренерот на Манчестер Јунајтед по натпреварот.

18-годишниот Диало, кој игра на двете крилни позиции ќе го чини Јунајтед 25 милиони евра, и покрај тоа што овој фудбалер за првиот тим на Аталанта одигра само 35 минути оваа сезона. Младиот играч е со потекло од Брегот на Слонова коска, но по добивањето на италијански пасош во Јунајтед ќе стигне како фудбалер од Европската унија.

Се вчитува...