По четири натпревари без победа Тотенхем конечно стигна до триумф откако во 17. коло на домашен терен беше подобар од Лидс со 3-0. Домаќините поведоа 29. минута кога по големата грешка на голманот на гостите, македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски направи пенал, кој успешно го реализираше Хари Кејн. На 2-0 зголеми Сон во 43. минута, додека конечните 3-0 ги постави Тоби Алдервирелд.
До крајот за издвојување е само непотребниот црвен картон кој го доби дефанзивецот на домаќините Доерти во 92. минута.
Македонскиот интернационалец одигра 64. минути на овој меч. Со триумфот Тотенхем се искачи на 3. позиција на првенствената табела со 29 бода, односно четири помалку од водечкиот двоец, Јунајтед, Ливерпул. Лидс останува 11. со 23 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

