Лидс Јунајтед загуби со 3-0 од Тотенхем во меч од 17. коло во англиската Премиер-лига. Првиот погодок тимот од Лондон го постигна од пенал кој го направи македонскиот интернационалец Езгјан Алиоски. Тренерот на Лидс, Марсело Биелса вели дека Алиоски не е виновен за пеналот туку едноставно целиот тим знае да погреши во одбраната.
„Не е виновен Алиоски за пеналот против Лидс. Тој има квалитет да игра одбрана против најбрзите фудбалери во Премиер-лигата како што се Сон и Бергвајн. Самиот сум виновен бидејќи во некои навистина е катастрофална организацијата во нашата одбрана. Тоа е моја вина. Тимски грешиме и тоа е најголемиот проблем во целата ситуација. Мораме помалку да грешиме во последната линија и побрзо да ги затвораме противниците во тие ситуации“, изјави Биелса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

