Лајпциг стигна до минимален триумф од 0-1 на гостувањето кај Штутгарт во 14. коло од германската Бундеслига. Гостите беа подобар противник во текот на целиот меч, а добрата игра ја материјализираа со голот на Дани Олмо во 67. минута.
Фудбалерите на Лајпциг може да бидат незадоволно од конечниот резултат, бидејќи Форсберг промаши пенал во 22. минута. Младинскиот македонски репрезентативец Дарко Чурлинов натпреварот го помина на клупата за резерви.
Лајпциг со триумфот изби на врвот на табелата во Бундеслигата со 31 бод, еден повеќе од второпласираниот Баерн Минхен кој има и натпревар помалку. Штутгарт останува 11. со 18 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

