„Новогодишна магија“ на Арсенал во зимската англиска идила (ВИДЕО)

Арсенал игра како препороден во последно време во Премиер-лигата. „Топчиите“ стигнаа до нова убедлива победа овој пат на гостувањето кај Вест Бромвич Албион со 0-4. Тирни со прекрасен гол во 23. минута донесе водство за клубот од Лондон. До полувремето Сака зголеми на 0-2 во 28. минута.

Во вториот дел Александар Лаказет со два гола во 61. и 64. минута ги постави конечните 0-4. Арсенал сега е 11. со 23 бода, додека ВБА останува претпоследна со 8 бода.

 

 

 

 

Се вчитува...