Филаделфија продолжува да „гази“, нов пораз на Торонто (ВИДЕО)

Филаделфија 76 ја забележа и петтата победа сезонава во НБА лигата откако славеше против Шарлот Хорнетс со 127-112. Прво име во победничкиот табор беше Бен Симонс кој забележа трипл-дабл, 15 поени, 12 скока и 11 асистенции, а одличен беше и Тобајас Харис со 24 поени. Кај поразените се истакна Тери Розиер со 35 поени.

 

За разлика од Филаделфија, шампионот од пред две години Торонто Репторс никако да ја пронајде посакуваната форма. Канадскиот тим овојпат загуби од Њу Орлеанс Пеликанс со 120-116. Брендон Инграм со 31 поен беше најдобар поединец кај победникот, додека кај Репторс Фред ван Влит заврши со 27 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната програма. Хјустон – Сакраменто 102-94, Индијана – Њујорк 102-106, Орландо – Оклахома 99-108 и Атланта – Кливленд 91-96.

Се вчитува...