Капитенот на ракометната репрезентација на Македонија и еден од најдобрите десни бекови на сите времиња, Кирил Лазаров во интервју за „Handballfast“ говореше за иднината на македонскиот ракомет, велејќи дека секогаш ќе биде голема поддршка за генерациите кои доаѓаат, но и дека државата треба повеќе да работи на спортската политика.
„Спортот е најголемиот дар за една личност. Верувам дека државата е обврзана да биде поактивна во спортската политика. Ова важи особено за националните тимови. Подготвен сум да играм за репрезентацијата се додека сум корисен за неа. На младите им ветив дека ќе бидам таму се додека сум им потребен. Националиот тим беше пред мене и ќе остане по мене, но не можете да гледате исто како во раните 2000 кога генерацијата на Пепи Манасков замина кога беше во полна сила и многу ракометари се уште беа во одлична форма. Многу млади не фрлија во оган и затоа загубивме десет години. Не смееме дека ракометот е национален спорт во Македонија и затоа мора да остане тоа така“, вели Лазаров.
Тој смета дека сегашната генерација има многу поголеми услови за напредок од него кога тој почнувал со ракометот.
„Сегашната генерација има многу повеќе можности за успех и напредок. Некои од сегашните ракометари може да ги надминат моите достигнувања. Талентот е важен услов, но не е клучен. Мора напорно да се работи и секој ден да целиш да бидеш колку можеш подобар. Македонската репрезентација е откскочна даска. Поради неа многу ракометари стануваат мета на најсилните клубови во Европа. Мора да се заработи да се носи дресот со националните бои. Тој е светост. Се надевам дека македонскиот народ во иднина ќе има причина да се радува на нови успеси, бидејќи тој тоа го заслужува“, завршува Лазаров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

