Манчестер одлучи – Погба заминува!

Манчестер Јунајтед веќе е одлучен и со сигурност ќе го продаде Пол Погба ова лето. Францизунот ги потроши сите „џокери“, па уште сега се најавува дека тој ќе замине, а на него останува да тргне во потрага на нов клуб.

Французинот го одложува потпишувањето на новиот договор со месеци, бидејќи неговиот постоечки истекува за година и пол. Како што стојат работите, Погба нема да го продолжи, и на „Олд Трафорд“ се свесни дека мораат да го продадат на крајот од оваа сезона ако сакаат да добијат барем дел од 105 милиони фунти што му ги платија на Јувентус пред четири години.

Времињата се променија и тешко е да се очекува за негов трансфер да добијат барем приближна сума. Јунајтед во октомври активираше клаузула во договорот на Погба и автоматски го продолжи договорот за уште една година, со надеж дека ќе започне повторно да игра добро, што ќе ја зголеми неговата цена.

“Треба да најдеме начин да го извлечеме од Манчестер. Неговото време помина”, изјави менаџерот на Погба, Мино Раиола.

Погба е веќе неколку години желба на Зидан, но тешко е да се очекува Флорентино Перез да ги донесе и Мбапе и Погба во време кога и Реал Мадрид штеди, зошто пандемијата предизвика финансиска криза.

Французинот го посакува и ПСЖ, кој со доаѓањето на Покетино ќе се обиде повторно да го нападне европскиот врв, а Погба е токму играчот што им недостасува на Парижаните. Парите во ПСЖ не се проблем, но францускиот шампион има проблем што лигата не е доволно атрактивна за да ги привлече најголемите sвезди.

Се вчитува...