Реал Мадрид ја надмина резултатска криза, но финансиските проблеми на „кралевите“ се уште се огромни. „Кралевите“ се договорија за ново намалување од 10% на платите на сите фудбалери и членовите на стручниот штаб, но Флорентино Перез сериозно ја разгледува можноста за продажба на дел од играчите за да се намалат трошоците за периодот што следи.
Најголемиот проблем го создаваат играчите кои се на позајмица. Себалјос не успеа да се наметне во редовите на Арсенал под водство на Артета и сака да го напушти Лондон, а во слична ситуација е и Кубо, кој по одличната сезона во Мајорка замина на позајмица во Вилјареал, меѓутоа не се наигра на „Ел Мадригал“. Неговото враќање во Реал е невозможно, па сега најверојатно ќе биде прекината позајмицата во Вилјареал и на шест месеци ќе замине во Хетафе.
Тука е и Иско, кој сака да замине во Севилја, а не да биде продаден на заинтересираните клубови. Шпанецот бара сигурна шанса каде ќе игра и ќе ја одржува формата за престојното Европско првенство. Реал Мадрид ќе мора да продава за да се справи со финансиската криза, а нема да биде чудно и доколку Лука Јовиќ го напушти клубот (опции се Милан и Вулверхемптон). Во листата на големи примања е и Одегард, кој се уште не е зрел за битна улога и би можел да замине доколку пристигне интересна понуда за позајмица на 18 месеци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

