Добрата форма на Тибо Куртоа во последните месеци се должи на одличното расположение на белгискиот голман, кому му тргнало и на љубовно поле. Шпанските таблоиди тврдат дека асот на Реал Мадрид веќе извесно време е во врска со убавицата Маика Ривера, која е позната во шпанската јавност по настапот во риалити-шоуто „Остров на искушенијата“.
Ривера во изминатата година беше во врска со неколку актери, но во последните месеци се погласно се „шушкаше“ дека таа ги минува деновите во друштво на Куртоа. „Папараците“ се уште ги немаат фатено со заедничка фотографија, но таблоидите тврдат дека врската е почната уште пред извесно време, а се интензивирале за време на божиќните и новогодишните празници.
Куртоа има две деца од долгогодишната врска со Марта Родригез, а последна девојка му беше ТВ-водителката Алба Карилјо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА