Бомба од „Олд Трафорд“ – Солскјер и Вудворд на пат за Германија како би го договориле Халанд

Менаџерот и директорот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солксјер и Ед Вудворд ќе заминат за Германија како би го договориле трансферот на Ерлинг Халанд, пренесуваат англиските медиуми.

Јунајтед во последно време игра одлично во Премиер-лигата и по ерата на Сер Алекс Фергусон тимот конечно е конкурентен за освојување на титулата. Солскјер смета дека му е потребен фудбалер како Халанд како би можел следната година да ги нападне буквално сите трофеи.

Халанд пред повредата играше уште една неверојатна сезона во дресот на Борусија Дортмунд со која ја зголеми својата цена на трансфер пазарот. Како би го довеле Халанд на „Олд Трафорд“, „црвените-ѓаволи“ најверојатно ќе мора да се откажат од Пол Погба.

Се вчитува...