Лампард пред отказ – Сити си поигра со Челси (ВИДЕО)

Манчестер Сити го декласираше Челси со 1-3 во дерби натпреварот од 17. коло во англиската Премиер лига. Се беше решено уште во првите 35 минути од натпреварот во кои избраниците на Гвардиола стигнаа до убедливата предност. Гиндоган во 18. минута донесе водство од 0-1. Само три минути подоцна Фоден зголеми на 0-2, додека Де Бруин во 34. минута стрелаше за 0-3. До крајот само Хадсон Одои во 92. минута ги постави конечните 1-3.

Со овој триумф Манчестер Сити се искачи на 5. позиција на првенствената табела со 29 бода, додека Челси е 8. со 26. Френк Лампард по срамот што го доживеа е пред отказ бидејќи неговиот тим во последните шест натпревари има само една победа.

 

 

Се вчитува...