Глупоста на Тонали не го чинеше Милан – „Росонерите“ се вратија на врвот во Серија А (ВИДЕО)

Милан се врати на врвот во италијанската Серија А откако во првиот меч во новата година славеше на гостувањето кај Беневенто со 0-2. „Росонерите“ успеаја да ја поништат и глупоста на младиот Сандро Тонали кој по еден неспретен старт доби директен црвен картон.

Кеси во 15. и Леао во 49. минута беа творци на победата на гостите, а покрај црвениот картон Беневенто не успеа да реализира и пенали кој го промаши Капрари.

Милан се врати на врвот со 37 бода, односно еден повеќе од градскиот ривал Интер. Беневенто останува 10. со 18 бода.

 

 

Се вчитува...