Челси забележа нов пораз во Премиер-лигата, откако денеска во дербито на колот загуби од Манчестер Сити со 1-3. И покрај големите вложувања во последниот трансфер период Челси не го оправда тоа што се очекуваше од него, а како главен виновник за слабата форма се посочува менаџерот Френк Лампард.
Британските медиуми пренесуваат дека Роман Абрамович има две опции за негова замена. Масимилијано Алегри кој одмора од фудбалот по завршувањето на неговата авантура во Јувентус и Томас Тухел кој пред некој ден доби отказ од Пари Сен Жермен.
Во следните неколку дена ќе биде позната иднината на Френк Лампард и дали Челси ќе добие нов тренер со кој ќе се обиде да се врати во игра за титулата во Премиер-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

