Роналдо доволен за триумф над Удинезе – Петнаесет минути за Несторовски (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо го водеше Јувентус до првиот триумф во новата 2021 година. „Старата дама“ со 4-1 успеа да го совлада Удинезе на нашиот Илија Несторовски.

Кристијано Роналдо во 31. минута донесе водство за домаќините. На 2-0 зголеми Киеза во 49, додека Роналдо со својот втор гол во 70. зголеми на 3-0. Гостите преку Зегелар во 91. минута намалија на 3-1, додека конечните 4-1 ги постави Пауло Дибала. Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски влезе во игра во 74. минута.

Со двата гола на мечот Роналдо стигна до бројакта од од 758 гола во кариерата, со којаго надмина легендарниот Пеле.

Јувентус во моментов е на 5. место со 27 бода, додека Удинезе останува 13. со 15 бода.

 

 

 

Се вчитува...