Ливерпул тагува по човекот што ја испеа “You’ll never walk alone”

Ливерпул викендов тагуваше по Гери Марсден, легендарниот пејач во „Gerry and the Pacemakers” кој стана легенда во својот град по песната  “You’ll never walk alone”, која се изведува пред секој домашен натпревар на „црвените“ на нивниот стадион „Енфилд Роуд“.

Тој ја загуби кратката битка со тешката болест, починувајќи на 78-годишна возраст.

„Со голема тага ја примивме веста за смртта на Гери Марсден. Тој секогаш ќе живее со нас. Никогаш нема да одиш сам“, објави Ливерпул на официјалните профили на социјалните мрежи.

Иако по Марсден уште огромен број на пејачи ја изведоа химната на Ливерпул, општо прифатен е ставот дека изведбата на Марсден е најлегендарна и убедливо најпопуларна меѓу фановите.

Се вчитува...