МЗТ донесе нов Американец како замена за Гочер

МЗТ Скопје потпиша договор со уште еден странски кошаркар, откако денеска е официјализирана соработката со Доминез Барнет, 28-годишниот бек кој наскоро ќе му се стави на располагање на тренерот Ѓорѓи Кочов. Барнет, кој настапува на позицијата бек-шутер, доаѓа како замена за Тодрик Гочер, кој ги напушти „металците“ и се пресели во редовите на грчкиот прволигаш Месолонги.

Барнет настапуваше во НЦАА-лигата за Универзитетот Девенпорт, по што во 2016 година пристигнува во евро-баскетот, најпрвин како член на Пардубице во Чешка. Тој беше и најдобар стрелец на чешката лига, по што замина во летонски Вентспилс, потоа една сезона мина во италијанскиот второлигаш Тревизо, за потоа да се испроба и во Белорусија, како член на Цмоки.

Неговото доаѓање во Македонија се очекува во текот на неделата, со цел навремено да биде регистриран за настап на вториот турнир од АБА2-лигата во Бања Лука, кој почнува на 18 јануари.

Се вчитува...