Манчестер Јунајтед игра одлично во последно време во Премиер-лигата. Тимот од „Олд Трафорд“ по ерата на Фергусон конечно се најде на врвот во Премиер-лигата каде што го дели првото место со големиот ривал Ливерлуп.
Менаџерот на „црвените-ѓаволи“ Оле Гунар Солксјер полека, но сигурно го отвора патот за нови засилувања со кои би требало во следните години да ја врати славата на клубот. Затоа во јануарскиот преоден рок тој ќе се ослободи од фудбалерите на кои не смета.
На „листата за отстрел“ се Серхио Ромеро, Фил Џонс, Маркос Рохо, Џеси Лингард, Даниел Џејмс и Брендон Вилијамс. Овие фудбалери дефинитивно ќе го напуштат клубот во јануари, само прашање е дали ќе бидат испратени на позајмица или нивните договори ќе бидат откупени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

