Ренова прва од македонските прволигаши денеска ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од сезоната.
Шефот на стручниот штаб Ќатип Османи ги собра фудбалерите на првата прозивка на која се појави и фудбалерот на Шкендија, Алренд Алити како прво засилување за „гипсарите“. 21-годишниот Алити изминатава година ја мина на позајмица во Велазерими и во Струга ТЛ, а сега го очекуваат настапите за Ренова.
Ренова за пролетниот дел од сезоната ќе се засили и со колумбискиот напаѓач, 23-годишниот Џон Еду Мења Перез кој утре треба да се приклучи на подготовките на тимот. Перез доаѓа од колумбискиот тим Ланерос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

