Најдобриот дански ракометар, Микел Хансен, се закани дека најверојатно нема да настапи на СП во Египет откако организаторите најавија дека натпреварите од овој шампионат ќе се играат пред навивачи на трибините. Египќаните најавија строги протоколи за репрезентациите, но токму тоа е главниот проблем за Хансен, зошто играчите да бидат подложни на правила кои нема да важат за илјадници луѓе на трибините.
Според првичните најави во салите во Египет ќе бидат дозволени 5.000 навивачи, бројка што е доволно предупредување за големиот ризик за здравјето на самите ракометари.
„Не знам дали воопшто треба да се игра, но ако веќе се игра, тогаш никако не смее да има навивачи. Објаснете ми, која е поентата ние како играчи да сме изолирани во „балон“ во некој хотел, потоа да патуваме во специјални автобуси со маски, и одеднаш да влеземе на терен и да играме пред неколку илјади навивачи. Во сериозни држави во Европа на коронавируст се пристапува со максимална сериозност, па неслучајно салите насекаде се празни. Овојпат ризикот за сите нас ќе биде огромен, затоа и добро ќе размислам дали воопшто да настапам на ова СП“, истакна Хансен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

