Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Данило Брестовац, е задоволен од залагањето на играчите на првите тренинзи од овој јануарски прозорец. Кормиларот се реши за список со поголем број на млади ракометари, кои ќе добијат шанса да се докажат во репрезентативниот дрес.
Нашиот национален тим веќе утре го очекува првиот од двата меча против Чиле, селекција која во Скопје се подготвува за претстојниот ракометен Мундијал во Египет.
„Чилеанците се одличен ривал за проверка на можностите. Ќе одиграме два натпревари, договорено е на списокот да имаме по 18 ракометари, колку што ќе бидат и бројот на дозволени играчи на СП. Бидејќи ние тренираме со поголем број играчи, ќе поделиме дел од нив, но едно е сигурно, секој ќе добие минутажа и шанса да се докаже во репрезентацијата. Задоволен сум од начинот на работа, мотивацијата е на највисоко ниво и очекувам добри изданија против Чилеанците“, истакнува Брестовац.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

