Енис Барди конечно ги надмина проблемите со незгодната повреда на грбот, па македонскиот репрезентативец е подготвен и за камбек на терените.
Тој тренираше со остатокот од тимот во последните неколку дена, тренерот оцени дека е преризично да го врати на терен за гостувањето против Вилјареал, но се очекува Барди да се најде во тимот на Леванте за гостувањето против Португалете, меч закажан за среда. Македонскиот интернационалец без проблем ги издржа напорите и на денешниот тренинг, па тренерот е подготвен да го вклучи Енис во списокот на патници за ова гостување.
Леванте е голем фаворит на натпреварот со нисколигашот, па се очекува Барди да одигра дваесетина минути, а потоа да атакува на улогата на стартер на наредниот дуел од Ла Лига, на домашен терен против Еибар закажан за 10 јануари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

