Партизан конечно го реши прашањето со плејмејкерската позиција откако постигна договор за ангажман на Џош Перкинс. Станува збор за Американец кој пристигнува од Полска, каде со успех настапуваше за Гливице, но кога пристигна понудата од белградскит „црно-бели“ Перкинс без размислување реши да се пресели во Србија.
„Засекогаш ќе го сакам овој клуб. Благодарам за шансата и за поддршката… Но… Србијо, Партизане, стигнувам“, порача Перкинс преку својот профил на социјалните мрежи.
Тој ќе го заземе местото во тимот што остана испразнето по заминувањето на Немања Гордиќ, откако репрезентативецот на БиХ се пресели во редовите на Морнар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

