Клоп предвреме го отпиша, Ингс го поздрави со еврогол

Ливерпул е во негатива по само две минути игра на гостувањето против Саутемптон, со голот што го постигна поранешниот ас на „црвените“, Дени Ингс.

Фудбалерот што беше предвреме отпишан и продаден од Клоп продолжи со одличните игри во дресот на „светците“ постигнувајќи прекрасен погодок, со лоб-удар матирајќи го Алисон Бекер.

Се вчитува...