Ливерпул е во криза, пораз и од Саутемптон

Ливерпул направи уште еден голем чекор наназад во трката за шампионската титула губејќи на гостувањето против Саутемптон со 1-0. По нерешените средби со аутсајдерите ВБА и Њукасл, „црвените“ вечерва повторно потфрлија, не креираа доволно шанси во противничкиот шеснаесеник и на крајот со наведнати глави го напуштија теренот на „Сент Мери“.

Клоп се реши за експеримент со капитнот Хендерсон во одбранбената линија, но формацијата падна во вода веќе во 2. минута, кога по еден слободен удар несмасно реагираше Александер Арнолд, по што Дени Ингс во манир на голем стрелец го потопи својот поранешен клуб.

Очекувано, Ливерпул имаше повеќе од поседот врз топката, но актуелните шампиони се мачеа да искреираат стопроцентни шанси пред голот на „светците“. Клоп сигурно ќе биде бесен на ВАР поради недосудениот пенал за играта со рака по ударот на Вајналдум, но поразителна е статистиката која вели дека Ливерпул за 90 минути имаше само еден удар во рамките на противничкиот гол, оној на Садио Мане во 75. минута.

Се вчитува...